Хистопатологија

histopath

Хистопатологија

Хистологија е камен темелник за точна и навремена дијагноза во областа на медицината, посебно во областа на онкологијата, како и разбирањето на патогенезата на различни неопластични и не-неопластични болести. Хистолаб е најголем независен провајдер на хистопатолошки и цитопатолошки услуги во Македонија. Во нашата лабораторија ние обработуваме и даваме извштаи за околу 4000 хистопатолошки анализи годишно, околу 1500 цитопатолошки анализи, од кои најголем број се аспирациони биопсии со тенка игла (АБТИ) водени под контрола на ултразвук и на околу 10.000 тестови од областа на цервикалната патологија (гинеколошки размаски).

Хистолаб има висока продуктивност при што нуди единствена и флексибилна услуга, чија цел е да биде изработена од високо едуцирани суб-специјалисти. Нашите клиенти, исто така, имаат корист од директен пристап до патолозите за совет и дискусија специфични случаи, како и директен пристап до извештаите преку нашиот веб-базиран систем за известување.

ХИСТОЛАБ има повеќе од 5 години искуство во поддршка на потребите како на приватните така и на јавни здравствени организации.

 

Latest News

Next Service starts tomorrow from 8:30am until 11:00am.

Crowd possible, please don't be late!

 

Контакт

mapул. 50-та дивизија бр. 34, Скопје

map02/3176-324